Тетово: Два угостителски објекти санкционирани, пуштале музика над дозволеното

Два угостителски објекти во Тетово се санкционирани бидејќи при акциска контрола во периодот од 00.30 до 01.15 часот синоќа било констатирано дека пуштале музика над дозволеното.

„Констатирано е дека во два угостителски објекта, на ул.„ЈНА“ и ул.„Благој Тоска“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање на музика над дозволеното. Против сопствениците на објектите се поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e