На 25.03.2018 година во 09.10 часот во Полициското одделение Петровец, Д.М. (30) од населба Илинден-Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 06.45 до 08.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.
Сторителот влегол преку незаклучената врата додека неговото и семејството на брат му спиеле и одзел чанта во која имало 15.000 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.