Тепачка меѓу началник од ДУИ и заменик од ВМРО-ДПМНЕ во МВР?!

Несекојдневен кривичен настан се случил вчера во просториите на МВР, поточно во ПС Кисела Вода. Началник на насилен криминал во рамки на СВР Скопје физички го нападнал и истепал својот заменик на оделот, објави порталот Доказ.

Како што објави порталот повикувајќи се на извори од МВР, вчера околу 11 часот прво вербално началникот се нафрлил врз својот заменик со зборовите „ти ли ќе ме кодошиш бе куче едно“, истиот влегол во канцеларијата на заменикот го фатил за гуша, му ја истргал кошулата и со бокс го удрил во пределот на градите.

Налутен бил дека наводно, заменикот го кодошел кај министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за неговите злоупотреби.

Доказ пишува дека началникот бил од редовите на ДУИ, а заменикот од ВМРО-ДПМНЕ, како и дека настанот бил пријавен во секторот за внатрешна контрола.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e