Во однос на 100-те згради кај Расадникот во Кисела Вода, секаде е запазено растојанието од една до друга зграда. Во новиот дел од Расадникот каде има 25 хекатри, предвидено е зеленило и пешачки зони. Запазено е и на која страна ќе бидат свртени зградите за да има светлина. Највисоката зграда ќе има 14 ката, информираше градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.
Тој смета дека се во врска со стамбениот комплекс кај Расадникот е во рамките на Генералниот урбанистички план.
-Се надевам дека се е покриено со закон во однос на тие 100 згради. Верувам на урбанистите и комисијата и верувам дека не го изиграле законот. Сметам дека се во рамките на ГУП-от и сме во рамките на бројките кои ги има во планот.
Во однос на останатиот дел од општината Темелковски изјави дека предвидени се 700 нови паркинг места за новите згради како и 1.5 метри велосипедски патеки и 1.5 метри пешачка зона на коловозите во општината.