Темелковски: Кисела Вода е за промени, заедно со граѓаните ги решаваме проблемите што се таложеа 12 години

Изјава за медиуми,
Филип Темелковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода
Скопје, 23.10.2017

 

Денеска, од овој ден и од овој настан тука, покажавме како планираме да ги водиме општините во наредните години. Општина Кисела Вода е спремна за промена, промена на подобро.

Јас како иден градоначалник се залагам и се обврзувам, во наредните четири години ќе работиме заедно со граѓаните, да ги решиме сите горчливи проблеми што се таложеа во изминатите 12 години.

Затоа, пред се, благодарност за поддршката во првиот круг и ве повикувам сите масовно на 29 октомври да ја дадеме поддршката за СДСМ, да ја заокружиме промената во општината Кисела Вода и да имаме добар успех и на изборите и како општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e