Таткото соочен со болната судбина: Ќе барам правда за Фросина додека сум жив

Четири години родителите на Фросина Цековска од Крива Паланка ја бараат правдата низ судовите и на секое судење ја преживуваат болната судбина на ќерка си соочувајќи се со обвинетиот за сообраќајката во која на пешачки премин беше прегазена младата студентка.

Веста дека Апелацискиот суд одлучил да му ја намали затворската казна на обвинетиот Љубиша Видојковиќ на три години ја разгневи цела јавност, но на семејството му ја запечати болната вистина дека засега нема правда за нивната ќерка.

Таткото на Фросина, Љупчо Цековски, сепак не се откажува и вели дека ќе бара правда додека е жив.

„Јас ќе барам правда додека сум жив. Ова е див запад, не е правна држава“, вели таткото на студентката. Цековски уште се сомнева дека обвинетиот не е вистинскиот возач кој седел зад воланот на „хондата“. Во една изјава за медиумите, тој тврдеше дека вистинскиот сторител го штитат моќни луѓе во државава.

Целата вест прочитајте ја на НЕЗАВИСЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e