Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во текот на вчерашниот ден во близина на мостот во селото Милетино на локалниот пат Брвеница-Радиовце.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека до несреќата дошло кога автомобил „голф 5“ со хрватски таблички што го управувал М.Д.(24) од Радиовце удрил во запрежната кола во која биле 71-годишниот татко и неговата 18-годишна ќерка.