Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, денеска, по повод Денот на полицијата упати честитка:
-По повод 7-ми Мај, Денот на полицијата, во свое и во име на кабинетот на Бирото за јавна безбедност при МВР, на сите полициски службеници, пензионирани, поранешни полициски службеници, кадети, но и на сите вработени во Министерство, ви го честитам празникот. И притоа, искрено убеден дека како до сега, така и во иднина ќе продолжиме со воспоставениот континуитет на квалитетно и ефикасно реформирање на полицијата и на полициската служба. Ви посакувам успех како на професионален, така и на личен план. Слава на сите кои го дадоа животот за мирот и безбедноста на државата! – стои во честитката од Тасевски.