Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, најави кампања “Вистината за ДУИ”, која што како што рече ќе ги извади на виделина злоупотребите на предходната локална власт.
На првата пресконференција, денес посочи дека предходното општинско раководство направило големи злоупотреби на општинската сала, на чиј влез е отворен кафиќ, за кој се плаќа кирија од само 5000 денари месеечно.
Таравари најави и објавување на други вакви злоупотреби на предходната локална власт предводена од ДУИ.