Градоначалникот на Гостивар и истовремено генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари бесрамно се обидува да добие политички поени од трагедијата што се случи синоќа околу 21:00 часот во Тетово, пишува opinionshqip.live.
Таравари од синоќа, не престанува да споделува политички статуси на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук во врска со пожарот што ја зафати модуларната болница на Тетовската клиника.
Тој во еден од своите статуси напиша: „Го молиме Господ што побрзо да го запре кошмарот што го зафати Тетово, град кој плаќа страшна сметка!