Таравари: Градската куќа да биде место за престој на деца со посебни потреби

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил даде предлог Градската куќа да биде специјална институција за престој и третман на деца со посебни потреби.

„Барокната зграда, Градска куќа, во центарот на Скопје, идеално место за оснивање на специјална институција за целодневен престој и третман за деца со посебни потреби!

Да ја покажеме нашата искрена заложба за оваа категорија на граѓани!

Претендираме за ЕУ, ваква институција и недостасува на СРМ“, напиша Таравари.

Предлогот на Таравари следи по препирките на двете најголеми македонски партии за Градската куќа, која почна да се гради во 2011 година како дел од проектот Скопје 2014.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e