Тамара на Евровизија со највисок пласман досега – Заев со честитки на ФБ!

Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил упати честитка до нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на Евровизија во Тел Авив, Израел.

„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!, напиша Заев на Фејсбук.

090911Untitled

Заев претходно на Фејсбук ги повика пријателите во Европа да гласаат за нашата претставничка.

Тодевска со осмото место го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e