Такси возило тешко повредило малолетничка од Скопје

На 07.02.2018 година околу 15,00 часот  во Скопје, на крстосницата на улица “Московска” со улица “Женевска” такси-возило “Фиат Линеа“ со скопски регистраски ознаки управувано од В.Б.(57) од Скопје, удрило во 15 годишно лице од Скопје.

Од незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена  во Градска општа болница “8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош, е задржана на понатамошно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e