Таки Фити: Буџетот се држи изненадувачки добро, приливите покажуваат перманентен раст

Академик Таки Фити во емисијата 24 анализа рече дека влегуваме во перииод а заздравување на економијата. Во март има јасни сигнали за тоа со зголемениот извод, а индустриското произодство бележи раст како и депозитите.

„Заклучно со 18-ти мај годинава, буџетот се држи изненадувачки добро зошто приливите во буџетот покажуваат перманентен раст. Вкупните приходи на буџетот до 18-ти мај во однос на истиот период лани, се зголемил за 13,4%, даноците за повеќе од 14% со придонесите. Одделни типови на даноци покажуваат пораст и сето тоа е индикатор дека економијата заживува. Факт е дека целосното заздравуѕвање нема да се случи годинава, туку догодина.“ – вели академик Фити.

Тој додава дека само САД во глобални рамки има целосно заздравување. Европа, истотака ќе заздрави наредната година. Кај нас, сите движења се под европското влијание. Потенцира дека ребалансот на буџетот се направило од две причини, едната зошто приливите во буџетот се зголемиле, и кога има поголеми приходи од очекуваната реализациј, се гледа како тие сретства ќе се потрошат. Втората работа е дека сите анализи во светски размери и кај нас, покажуваат дека треба и натаму да се продолжи со фискални стимули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e