Тачи и Ибраими бараат обвинение на албански јазик

Мендух Тачи и Бедредин Ибраими побараа од Судот сите списи и документи поврзани со обвинителниот акт да им се предадат на нивниот мајчин јазник, односно на албански. По долго натегање во судница и објаснување од Судот дека двајцата на претходното рочиште рекоа оти ќе го користат македонскиот јазик во постапката, Судот даде пауза за да може обвинителниот акт да се преведе на албански и да им се даде на рака денеска.

Судијата Огнен Ставрев ги предупреди дека ако треба ќе останат и до полноќ, а веќе им се предвидени потезите на адвокатите дека е можно да бараат изземање на судечкиот совет.

Најгласни во судница беа Тачи и Ибраими кои на Судот му посочуваа одредби од законот за право на користење на албанскиот јазик во судска постапка.

На ова реплицираше СЈО кое рече дека уште во текот на истрагата обвинетите својата одбрана во СЈО ја давале на македонски јазик а ниту во фаза на приговор на обвинителниот предлог во Кривичниот суд тие не побарале документот да биде преведен на албански.

Освен Тачи и Ибраими обвинет е и екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков како и поранешните членови на ДИК од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.

СЈО овој предмет го отвори по прислушувани разговори каде се тврди дека Сашо Мијалков нарачува гласање во ДИК од Мендух Тачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e