Тачи: Добра вест – премиерот ќе продолжи, мнозинството е стабилно

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи вели дека мнозинството е стабилно. Тој во изјава за ТВ 24 по состанокот на коалициските партнери во Владата рече дека му дале одврзани раце на премиерот Зоран Заев.

-Добра вест. Премиерот ќе продолжи, мнозинството е стабилно. Го овластивме премиерот, нормално, ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство. Конечно најдобрата вест е дека е оваа Влада и ова мнозинство продолжува и на 15-ти декември се надевам, 99,9 отсто, ние ќе добиеме датум, рече Тачи, додавајќи дека на состанокот имало и претставници на Движењето БЕСА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e