Светски ден на чистење 2018: Мапирај!

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина “Гоу Грин£ од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува граѓаните  активно да се вклучат во глобалната акција за мапирање на диви депонии, користејќи ја едноставната апликација за мапирање World Cleanup.

Акцијата се спроведува  во пресрет на 15 септември 2018 година, Светски ден на чистење, кога милиони волонтери во мрежа од 150 земји ќе се обединат да го чистат светот во еден ден.

Акцијата за мапирање трае до средина на месец август, по што би следел процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.

Преземете ја апликацијата и почнете да мапирате! www.worldcleanupday.org/get-the-app

flaer_mapiraj

Побарајте места со многу расфрлано ѓубре во вашето соседство или во природата околу вас и обележете ја нивната локација на едноставната апликација за мапирање.

Покрај помогнувањето да се подготви Светскиот ден на чистење, оваа глобална иницијатива за мапирање отпад ќе помогне да се подигне свеста за огромното загадување од отпадот. Податоците ќе бидат презентирани на Светска платформа за отпад – создавајќи ја најраспространетата база на податоци за погрешното постапување со отпадот во светот: www.opendata.letsdoitworld.org.

Овие вредни податоци ќе ни помогнат како информации во понатамошниот план за чување на местата чисти – насочувајќи поединци, заедници, корпорации и влади да стават крај на широко распространетото загадување од отпадот.

На следниот линк може да се погледне упатство за користење на апликацијата. https://www.youtube.com/watch?v=aHWnyqSq0h4&feature=youtu.be

Повеќе информации можете да најдете на  веб-страна www.gogreen.mk и на официјалниот Facebook настан: www.facebook.com/events/237563796988457.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e