Сведок од УБК до Јанкулоска: Не знаев како да дојдам и да ви кажам „еј знаеш, те слушаат”

Поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по Сашо Мијалков, на денешното рочиште за случајот Таргет-Тврдина го испрашуваше сведокот на СЈО, Сашо Трајковски кој е инженер во УБК, пренесува Плусинфо.

– Во вашето сведочење рековте сте лоцирале незаконско следење на комуникации. Понатаму рековте дека не сте го пријавиле кај директорот на УБК и кажавте зошто. Исто, спомнавте дека меѓу нелегалните таргети сте го препознале и мојот број. Зошто не ме известите барем мене како министерка бидејќи рековте дека сум немала пристап до нелегалните следења? – праша Јанкулоска.

На тоа сведокот одговори дека не знаел како да дојде до неа и да и каже.

– Госпоѓо Јанкулоска, Вас не ве препознав по бројот и јас не ги знаев сопствениците на броевите. Не сум можел да препознаам таргет според бројот. Туку Вас ве препознав по содржина на СМС. Не дојдов зошто не знаев како да дојдам до вас и да ви кажам „еј знаеш ти го слушаат телефонот” – одговори Трајковски.

повеќе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e