Суспендирани и другите двајца дипломати вмешани во скандалот со Ерменија

успендирани и одземени дипломатските пасоши уште на двајца дипломати кои заедно со Миленкоски учествувале во операцијата за бегство на ерменскиот бизнисмен. Неофицијално, станува збор за дипломатите Владимир Сарафов и Стево Симски. Едниот е пензиниран дипломат, другиот е на годишен одмор, јавува ТВ24.

Бујар Османи вели дека на своја одговорност ги суспендирал дипломатите, не именувајки ги, и тврди дека до МНР нема стигнато никакво известување ниту за Миленкоски ниту за останатите двајца.

– Ние немавме никакво известување дека има црвена потерница по однос на конкретниот дипломат, се додека не беше притворен. Јас се уште немам известување дали и другите кои што се спомнуваат имаат потерница, иако на моја одговорност ги суспендирав и двата дипломатски пасоши, иако тоа е само моја дискрециона одлука да ги суспендирам, но немам официјално известување дека има други потерници и дека има други истраги. 12.30. Едниот е пензиониран, вториот е на годишен одмор. – изјави Османи.

Османи вели дека единствениот документ кој се наоѓа во МНР е оној од 2019та година кога МВР побарале информации за патните исправи на дипломатите. Тој тврди дека никој не го известил за потерницата на Интерпол – Миленкоски поседувал безбедносен сертификат, затоа и бил пратен во ОБСЕ Виена.

Најавува дека сите раководители во МНР, сите идни и тековни амбасаори во НАТО и ЕУ земји ќе мора до петок да аплицираат за НАТО сертификат, доколку тоа не го направат, ќе бидат сменети.

– Колку и да звучи лошо, ќе ви кажам драго ми е, што е упатен, затоа што доколку не беше упатен ќе продолжеше да има дипломатски пасош,да имаше национален сертификат, да останеше во министерството и да има пристап. Ова, да . Покажа слабости, повеќе во други институции, но и во МНР, слабости и во координацијата и внатре. Затоа покренав процес на ревидирање,на сите чекори и процедури со цел да го зачуваме дигнитетот. – изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e