Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните активности за рехабилитација на патот од Струмица до Ново Село.
-Забрзано работиме на рехабилитација на патот Струмица – Ново Село со цел да овозможиме поголема безбедност во сообраќајот за жителите на Струмица и околината и развој на овој регион. Инвестицијата е со вредност од 1,8 милиони евра. Планираме и изградба на експресен пат од Струмица до границата со Бугарија, истакна Сугаревски.