Сугарески во работна посета на граничниот премин Блаце

Директорот на Царинска управа г.Сугарески, денес оствари работна посета на граничниот премин Блаце, каде имаше можност да се сретне со управникот на Царинарница Скопје, шефот и царинските службеници на царинската испостава Блаце.
Sugareski11 - CopyДиректорот посетата ја искористи да се информира како измина првиот ден од воведувањето на новите мерки (забрана за движење во период од 22ч – 05ч) донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со коронавирусот и да им изрази поддршка на царинските службеници кои во изминатиот период, во време на отежнати услови покажаа исклучително високо ниво на посветеност и професионалност.
Sugareski1 - CopyЗа време на работната посета, управникот на Царинарница Скопје и шефот на царинска испостава Блаце, го информираа директорот и за тековните активности и капацитетите на овој граничен премин, што воедно е и еден од најфреквентните гранични премини.
Sugareski2 - CopyДиректорот Сугарески при посетата пред царинските службеници ја потенцира неговата заложба да бидеме посветени кон борбата против криминалот и корупцијата, точка која е високо ставена и на приоритетната листа на Владата на Република Северна Македонија, притоа нагласувајќи дека човечкиот фактор е клучен при преземањето и спроведувањето на ефективни мерки за борбата против корупцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e