Директорот на Царинската Управа Горан Сугарески денеска беше во работна посета на Царинарницата во Куманово.
-На работната посета која денес ја остварив во Царинарница Куманово од страна на управникот и шефовите на царинските испостави бев запознаен со тековните и планирани проекти и со капацитетите на Царинарницата Куманово, истакна Сугарески.
„Преку краток брифинг бев известен за концептот ONE STOP SHOP со Република Србија кој овој коридор го прави поатрактивен и поефикасен, обезбедува заедничко извршување на граничните и царинските формалности и значително придонесува за намалување на времето на минување преку граница, го олеснува и забрзува извозот, увозот и транзитот на стоките“, посочи Сугарески.
„Со управникот на царинарница Куманово Хулуси Јашари, разговаравме и за успешно спроведениот пилот процес за целосно електронски и бесхартиено работење преку системот СОЦДАД, кој за економските оператори значи намалување на времето на поднесување на декларации, поедноставување на процесите и најважно – значително намалување на трошоците“, нагласи Сугарески.