Сугарески: Создадовме услови за голем раст во градежништвото

Законот за легализација е во владина процедура, очекуваме одредени мислења од ресорното министерство. Доколку тие мислења бидат обезбедени, во вторник ќе бидат на седница на влада. Од среда па натаму очеккувам да се најде и на собраниска седница и пред нова година да биде донесен. Нема сите видови на дивоградби да бидат опфатени во струшко охридскиот регион. Тука има поврзаност и културното наследство. Во однос на легализацијата, овој регион ќе биде изземен, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

-Не треба се и сешто да биде регализирано, не е тоа основната цел. Во овој дел треба да се легализира или да се урива. Се наоѓаме пред решавање на еден правен статус, вели Сугаревски.

Тој информираше дека постапката за легализација ќе остане иста, со доставување елаборат, сметки и изјава, дополнително ќе треба да се платат 100 отсто од комуналиите и 50 отсто како казна. Рокот за легализирање на овие случаи е до 2021, со цел да не се одолговлекуваат.

Сугаревски истакна дека е задоволен со 5.5 отсто растот во градежништвото но вели дека може и подобро.

-Секогаш може и подобро во градежништвото. Најавив сериозна економска година и не е изненадување расотот од 5.5 отсто. Се создадоа услови за овој раст да биде и подобар.Порано растот бил поголем поради непродуктивниот проект Скопје 2014. Овој раст не е поголем од 5.5 отсто поради застојот на проектите од претходната власт и немање други проекти. Сепак одличен е развојот. Ние го имаме кренато процентот во однос на канализацијата. Тоа не е фалење за во 21 век, но луѓето во дел од руралните средни немаа водоводни мрежи, вели Сугарески.

Министерот за транспорт и врски дополнува дека во однос на проектот за гасификација, претходната власт освен ископани дупки, нема имплементирано ништо друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e