Сугарески: Реконструиран патниот правец од Прилеп до Прилепско езеро

Во соработка со општина Прилеп и ЈП за државни патишта го реконструиравме патот од Прилеп до Прилепско езеро. Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат, напиша министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на својот фејсбук профил.

Станува збор за патен правец во должина од 8 км, од кои минатата година со градежни зафати беа опфатени 2 км за што беа издвоени 160 илјади евра средства од ЈП за државни патишта и 160 илјади евра од општина Прилеп.

Со завршувањето на градежните работи опфатени се околу 4,2 км од патниот правец Прилеп-Прилепско езеро, инвестиција од 520 илјади евра, обебзедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e