Сугарески и Николовски во посета на Блаце, дискутираа за новитетите за зајакнување на контролните механизми

Директорот на Царинската Управа Горан Сугарески денеска заедно со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, беа во посета на граничниот премин Блаце, каде одржаа работен состанок со шефот на царинската испостава Блаце.

ugareski blace„Царинската управа како институција која го штити македонското стопанство и ја унапредува меѓународната трговија треба да биде пример за исполнување на законите, спречување на корупцијата и криминалот. Во таа насока, на состанокот се дискутираше за новитетите кои што се воведуваат за зајакнување на контролните механизми во нашата држава преку кои ќе се унапредат процесите на системско функционирање на државата, а се однесуваат на воведување на задолжително поднесување на анкетни листови од проширена група на вработени во јавниот сектор.“ – посочи Сугарески по состанокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e