Сугарески на средба со Пауновски: Координација за заеднички активности

Директорот на Царинската управа Горан Сугарески оствари средба со директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски на која се согласија дека потребен е ефективен надзор на пазарот за да се обезбеди заштита на здравјето и безбедноста на потрошувачите, заштита на нивните економски интереси и заштита на животната средина.

-Со инспекциите работиме заедно и на граничните премини и во внатрешните царински испостави. Соработката треба се повеќе да се интезивира и унапредува за квалитетот се повеќе да дојде до израз. Ги разгледавме идните активности меѓу двете институции во насока на зголемување на ефективноста и координацијата, рече Сугарески по средбата.

На средбата бил ставен особен акцент на сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува.

-Ова бара од двете институции континуирани напори за да се спречи нелегалниот промет на акцизни добра. На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин. – рече Сугарески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e