(ФОТО + ВИДЕО) Сугарески и Китанов во обиколка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Директорот на ЈП “Државни патишта” Зоран Китанов и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски денеска вршеа увид на градежните активности на експресниот пат Крива Паланка – Ранковце.

56669588_1269734633165100_5899172387470966784_n

Експресниот пат е еден од четирите што активно се градат во државава. За нас како Министерство и Влада е многу важно што во овој регион се вложуваат големи финансиски средства. Динамиката на изведување на градежните активности ќе биде сериозно забрзана за сите оние кои се вклучени во изградбата на патот – истакна Министерот за транспорт, Горан Сугарески.

Министерот потенцираше дека интензивно се работи и на железницата од Куманово до Бељаковце. Обезбедено се средства за втората делница на која ќе се работи до крајот на годината. За третата делница од Крива Паланка до Бугарската граница треба да се обезбедат дополнителни средства. Сето она што го имаме зацртано како план во текот на оваа и наредните години очекувам да биде реализирано, рече оптимистички Сугарески.

56296941_290564618507222_5372252279040638976_n

На експресниот пат се работи од минатата година. Директорот на ЈП “Државни патишта”, Зоран Китанов ги истакна планираните рехабилитации на следните проекти:

– Рехабилитација на државен пат делница Ранковце – Крива Паланка во должина од 21km, изведувач “Гранит”, вредност 2.6 милиони евра. Рокот за изведување на работите е 15 месеци.

– Реконструкција со рехабилитација – доградба на една лента на делница Крива Паланка – Деве Баир во должина од 13km со вредност од 12 милиони евра. Рокот за завршување на градежните активности е 2 години.

– Изградба на експресен пат делница Ранковце – Крива Паланка во должина од 23km со вкупно инвестирани финансиски средства во износ од 58 милиони евра. Проектот е финансиран со средства од Светска Банка.

Експресниот пат е поделен на две подделници и тоа:

– Првата од Ранковце (Страцин) до Длабочица во должина од 14km, вредност 28 милиони евра со рок за изведување на работите од 30 месеци.

– Втората подделница од Длабочица до Крива Паланка во должина од 9km и вкупна вредност од 30 милиони евра. Градежните работи се започнати на 23.03.2018 година и се очекува да бидат завршени за 36 месеци.

Во делот на планираните проекти е и рехабилитација на државниот пат А2, делница Куманово – Страцин и рехабилитација на Р2250 Спој А2-Луке-Киселица-Дубровница, потенцираше Директорот на ЈП “Државни патишта”, Китанов.

Никогаш не се инвестирало повеќе во овој регион како сега. Од 1991 година до денес не се случило да се влејат толку финансиски средства во сферата на инфраструктурата. Имено, само 150 милиони евра се издвоени за делницата Бељаковце – Крива Паланка, 56 милиони евра за изградба на експресниот пат, 13 милиони евра за изградба на трета лента кон Деве Баир, 10 милиони евра за рехабилитација на постоечкиот патен правец Ранковце – Крива Паланка заедно со патот Крива Паланка – Огут, а заедно со Крива Паланка – Луке од минататата година оваа година може да се заокружи со инвестиција вредна 230 милиони евра – изјави на денешниот увид Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

56470416_2335935299976019_7234792579554869248_n

Во иднина останува само граѓанска одговорност во одржување на патиштата во кои се инвестира.

Предходно градоначалникот Мицевски гостите ги прими во својот кабинет каде оддржа работна средба.

56168107_565323267305337_4014790808162009088_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e