Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески денеска ја прими првата доза од вакцината на Синофарм.
“За да се избориме заедно против пандемијата од ковид 19 потребна е масовна имунизација. Денес ја извршив мојата лична и граѓанска должност и ја примив првата доза од вакцината на Синофарм.
На овој начин се заштитуваме себе си, но и сите околу нас“, посочи Сугарески.

