Сугарески: Царинската управа бележи раст на наплатените приходи

Од почетокот на 2021 заклучно со 30.04.2021 Царинската управа вкупно наплати приходи при увоз и внатрешен промет во износ од 29.41 милијарди денари или 478,23 милиони евра. Наплатените приходи се поголеми за 16,56% во однос на истиот период во 2020 година кога биле наплатени 25,23 милијарди денари или 410,29 милиони евра. – информира првиот човек на Царинската управа Горан Сугарески.
За овој период споредбено со истиот период 2020 година бележиме зголемување на приходите по сите основи:
➡ кај ДДВ при увоз има зголемување од 2,78 милијарди денари или 17,97 %
➡ кај царината зголемување од 0,26 милијарди денари или 14,03%
➡ кај акцизата зголемување од 1,13 милијарди денари или 14,61%
➡ кај надоместоците, зголемување од 6,17%.
Само за месец Април, споредено со Април 2020 година вкупно за сите приходи за кои е надлежна Царинската управа бележиме зголемување од 3,34 милијарди денари или 65,25%, информира Сугарески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e