Задоволен сум од досегашната реализација на инвестициите во Министерството за транспорт и врски. 68 отсто има реализација на капиталните инвестиции до ноември. До нова година ќе биде уште подобра. Во овој ресор нема ниту еден проект кој не е продуктивен, еден од тие е проектот за гасификација како и оној за водоводни мрежи, изјави минстерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Сите овие работи наведени во буџетот за идната година беа предвидени многу однапред, немаат никаква врска инвестициите со предвремените избори. Овој буџет нема никаква врска со клиентелизам. Преку 500 километри рехабилитирани патишта има оваа влада за помалку од 2 години. ВМРО-ДПМНЕ во 11 години рехабилитираше 600 километри. Лага е дека автопатите ни ги оставиле готови. Автопатот Миладиновци-Штип требаше да биде готов во 2017 година.
Во однос на проектите за автопатиштата, Сугарески вели дека истите се стари повеќе од 20 години и не ги прават ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ, туку граѓаните.
-Овие проекти се стари повеќе од 20 години, не се на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ тоа се пари на граѓаните. Гасификацијата исто така ја кажуваат како нивен проект. Скопје 2014 иако не беше во ниту еден буџет, сепак се направи, за тој проект не кажаа ниту збор. Не кажаа ниту за проблемите со тунелите на автопатите, не кажаа ништо ниту за клучките кои ги имале заборавено, па им текнало во 2015 година. Како е можно да заборавите на клучки на автопат. Градежнишството не памети таков проект, вели Сугарески