Судот ја изрече казната: 12 години затвор за Мијалков

12 години затвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за предметот „Таргет-Тврдина“ во кој се товари за масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Ова е пресудата на Основниот кривичен суд Скопје која беше изречена денеска.
Мијалков се гонеше за три кривични дела, односно за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за што е осуден на казна затвор од 5 години, за „Злосторничко здружување“ на казна затвор од 5, и за „Примање награда за противзаконито дејствување“ на казна затвор од 3 години, или единечна казна за сите три дела од 12 години.

15 години затвор за поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, 6 години затвор за Тони Јакимовски, шеф на кабинетот во УБК, 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, 15 години затвор за Никола Бошковски вработен во УБК,3 години затвор за поранешната началничка од МВР, Надица Николиќ…
Сторители на кривични дела се носители на високи функции, прислушувани биле над 4.000 лица, а предизвикана е огромна штета врз државниот буџет, беше посочено на денешното изречување на пресудите за обвинетите.
-Во случајот се работи за континуирана злоупотреба, да се воспостави целосна контрола врз политичкиот, економскиот и општествениот живот во Македонија, истакна судијата Владимир Туфегџиќ, при објавата на пресудата, констатирајќи дека прислушувањето се вршело од УБК, а не од трета страна, како што тврдеше одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e