Судот донесе одлука за притворот на Чавков, Мукоски, Василевски, Бетмен и Дурловски

На 23 лица осомничени за тероризам за настаните во Собранието од 27-ми парил, им е продолжен притворот за уште 30 дена во истражниот затвор во Шутка, соопштија од Кривичниот суд, објави Фокус.

Меѓу нив се Митко Чавков, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски.

Основниот суд Скопје 1 Скопје одлучи да го прифати предлот на обвинителството и за продолжување мерката куќен притвор на четворица осомничени. За двајца, пак, судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор.

Против овие решенија дозволено е право на жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа по приемот на решенијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e