Судир помеѓу камион и мотор на патот Куманово-Крива Паланка, моторџијата завршил на Клинички

Вчера околу 17.05 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на местото викано „Црн бик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С. (49) од Р.Косово и мотоцикл марка „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, управуван од Х.С.М. (73) од Швајцарија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил швајцарскиот државјанин на кој му била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово од каде е препратен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител на возачот на камионот му е одземена личната карта и патна исправа издадени од Р.Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e