Судијата не дозволи „Рекет“ да го одложи „Титаник“

Адвокатите на обвинетите во најголемиот случај на СЈО „Титаник“, кој го застапува обвинителката Лиле Стефанова, денеска побараа одлагање на рочиштето, поради „новонастанатата ситуација“, како што рекоа и поради најавената оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева, пренесе СДК.

„Новонастанатата ситуација е работа на друго обвинителство, кое треба да ги расчисти работите. Ако одлагаме, може да упаднеме во истрагата. Оставката е констатирана и условена со други дејства што треба да се направат. Нема правни пречки да продолжиме денеска“, им кажа судијата за организиран криминал Шабани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e