Судењето за „Диво насеље“, државата ја чинеше огромни пари

Звуците од хелихоптерските пропелери уште рано наутро го најавија стартот на последното рочиште за случајот „Диво насеље“. Полициската опсада околу судовите, а и речиси низ целиот град, стана синоним за судењето, за кое обвинетите се спроведуваат до судот со највисок степен на обезбедување, пренесува телевизија 24. Процесот за спроведување, кој стана вообичаен поради високите проценки за ризик, трае неколку часа. Само два часа и се потребни на полицијата за надлетување на периметарот, а откако ќе се осигура дека теренот е чист, оклопниот хелихоптер со обвинетите, слетува на кејот на Вардар.

За оваа операција се трошат значително високи суми. Вкупно целиот судски процес чинел 1.300.000 евра – сума која судот им ја стави на товар на обвинетите. Големите трошоци се препишуваат на ангажирањето на специјалните единици на МВР за транспорт и асистенција, трошоците за бензин и керозин, за фактури за вештачења, за судски преведувачи и за обдукцијата на загинатите полицајци во акцијата.

Според неофицијалните информации, поради проценет голем безбедносен ризик, полициски единици биле распоредени на повеќе локации низ Скопје. Сепак пред судот дојде до помал инцидент при што едно лице беше приведено откако и се закани на полицијата дека има динамит.

Поради објавувањето на пресудата за „Диво насеље“, пред судовите беше променет сообраќајниот режим. Поради тоа движењето низ градот дополнително беше отежнато.

Ова не е вообичаена колона предизвикана од утринскиот сообраќаен метеж. Пренасочувањето на возилата од пред судската палата го парализираше сообраќајот во центарот на Скопје. Ваква е сликата од градот за време на судските рочишта за предметот „Диво насеље“.

Сепак најголемиот метеж се создаде токму пред судот од домашните, но и странски новинарски екипи. Врховниот суд се смести во центарот на вниманието, откако по две години им пресуди на обвинетите за тероризам и терористичко организирање во кумановското Диво насеље.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e