Студентите по медицина масовно ја напуштаат земјата

Над 70 отсто од дипломираните студенти по медицина на Универзитетот во Тетово посетуваат интензивни курсеви по германски јазик, со единствена цел да ја напуштат Македонија. Студентите со кои зборувавме велат дека не гледаат перспектива во земјава поради ниските плати, но и поради тешкотиите што ги имале за да обезбедат работни места.

„На Медицинскиот факултет, не 50, туку 70 отсто посетуваат курсеви по германски јазик и секој се подготвува да замине надвор. Главната причина зошто лекарите бегаат од тука е дека платите на лекарите се многу мали.“

„Не наоѓаме можности во нашата земја… Ќе бараме алтернативи надвор. Колегите кои дипломираат прават напори да заминат, повеќето од нив, исто така, посетуваат курсеви главно по германски и сите бараат можност да заминат. Првата можност што ќе им се даде, ќе избегаат.“

„Платата е една од главните причини, но верувам дека и тука ќе се среди тоа, така што ќе биде подобро и тука“, велат студентите

На Тетовскиот државен универзитет медицина дипломирале 118 лица, а 10 отсто од нив веќе обезбедиле работа на запад. Од Здружението на лекари Албанци велат дека овие дипломирани лица досега не успевале да најдат работа во Македонија и како алтернатива го гледаат западот.

„Се очекува големо заминување на нови кадри од тетовскиот универзитет. Но, ако Министерството за здравство и понатаму продолжува да се двоуми за зголемувањето на платите на лекарите и на медицинските сестри, тогаш навистина ќе имаме голема криза за некој да остане и да се грижи за нашето здравје“, изјави Невзат Елези- Претседател на Здружението на лекари Албанци.

Според деканот на Медицинскиот факултет, Насир Беџети, ситуацијата е алармантна и ако не се преземат мерки Македонија наскоро ќе остане без лекари.

„Ова е многу загрижувачки и проблематично бидејќи според информациите, имаме недостиг на лекари специјалисти, а можеби и за многу малку години ќе имаме тотален недостиг на специјалисти од разни области ако продолжи овој тренд“, вели Насир Беџети – декан на медицински факултет.

Досега на Тетовскиот универзитет дипломирале вкупно 118 лекари, 441 медицинска сестра, 62 стоматолози, 236 фармацевти и 170 специјалисти по физикална терапија.

Извор: Алсат 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e