Метео анализа на Славчо Попоски:
Во вторник 17 февруари 2026 ни следува нагло заладување и силен северен ветер во Македонија кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. Во исто време од Џенова преку Јонското море ќе ни пристигне нов длабок циклонски систем кој ќе ни донесе нови обилни врнежи кои полека освен на повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето градови во Македонија особено во западните и во северните предели. Послаби врнежи од дожд и од снег во вторник 17 февруари 2026 ќе има и во Скопската котлина а особено пообилни врнежи од снег ќе има на околните планини и повисоки места од Скопскиот регион.
На планините и на скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми и тоа за околу па и за повеќе од 20 сантиметри и истата ќе се прошири а мала снежна покривка е можно да се формира и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија.
Температурата во вторник 17 февруари 2026 во Македонија значително ќе опадне и таа ќе се искачува во интервалот од 1 до 9 степени а вечерта и ноќта кон среда таа дополнително ќе опадне. Во Скопје температурата во вторник 17 февруари 2026 ќе се искачи до околу 6 степени меѓутоа вечерта и ноќта кон среда таа и понатаму ќе опаѓа. И во Скопје и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец над 60 км/час.
