Струмичките земјоделци стравуваат од поплави поради неисчистено речно корито

Да се исчисти коритото на река Струмица а не да се чекаат поплави па тогаш да се интервенира. Вака реагираат земјоделците од струмичко чии посеви лани беа поплавени вдолж реката која е обрасната со дрвја и вегетација.
Најгласни се земјоделците од Дабиле кои уште во пролетта реагираа бидејки на 5 локации од нарушениот водотек поткопани се речните бедеми
Реката Струмица ќе се чисти со средства од ЕУ од програмата за санација на штетите од ланските поплави. Се планира чистење на реката од вегетација и наноси во должина од 24 километри.
Чистењето на реката Струмица  ќе се реализира преку УНДП и Центарот за развој на југоистокот во рамките на проектот реконструкција на сливот во струмичко радовишкиот регион.

Извор: 24 Вести

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e