Стоилковски: Партијата на власт е посветена на една работа

Во овој период гледаме како секојдневно партијата на власт е посветена на една работа. Колку повеќе прават гол п-р толку повеќе во реалноста и бегаат работите од контрола и доведуваат под опасност човечки животи. Требаат да признаат- неспособни се, порача денес на прес-конференција Наум Стоилковски, потпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако некој немал план тоа беше изгубениот Зоран Заев кој единствено го интересира неуставно враќање на парламентот за да го помине законот за опојни дроги и други закони коишто се од интерес на фамилијата на Заев. Значи и во вакви тешки моменти, Зоран Заев го гледа интересот на Вице Заев.

Ние цела недела предлагаме сет на антикризни економски мерки, а денеска од владата видовме неспособна и навредлива понуда до стопанството. Заев денес осуди на банкрот илјадници компании и илјадници вработени кои ќе останат без работа.

Ќе потсетам дека решението одложување на избори и предлог за состанок на експертите беше на предлог даден од кај нас, рече Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e