Стипендии за најдобрите основци од Општина Центар

Општина Центар трета година по ред ќе додели стипендии за учениците кои покажале континуиран успех во текот на школувањето од 6-то одделение.

Услови за доделување стипендија се следните: да се ученици на општина Центар, редовни ученици во 8-мо и 9-то одделение и да оствариле континуиран успех со просек 5.00.

Во критериумите влегуваат и освоени награди од областа на науката, културата, уметноста и техниката од 6-то до 9-то одделение.

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 и 2.000 денари месечно, за осум месеци во текот на учебната година.

Рокот за поднесување на документи е заклучно 23.9.2016 години.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e