Седум години и шест месеци затвор е казната која денеска му беше досудена на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, за обид за убиство на екс министерот Никола Тодоров.
Судијката Софија Лаличиќ истакна дека судот сочувствува со семејството за загубата на малата Тамара, но додавајќи дека правдата не се добива со ” око за око”‘.
-Обвинетиот посегнал по животот на оштетениот бидејќи го сметал за најголемиот виновник за смртта на Тамара. Но тоа не е патот до правдата. Оштетениот е жив не затоа што обвинетиот не сакал да го убие, туку затоа што Тодоров се наведнал, истакна судијката.