Обвинителството уште утринава поднело жалби со кои судот бара да ја смени мерката и на Стевче Јакимовски да му определи притвор во Шутка наместо домашен притвор, како што доцна синоќа објави кривичниот суд, објави Телма. Сметаат дека поранешниот градоначалник на Карпош може да избега или да влијае врз сведоци. Жалби со кои се бара ефективен притвор се поднесени и за останатите двајца осомничени на кои судот им определи мерки на претпазливост. Осомничени се за незаконска легализација на бараките кај поранешниот ресторан Имес, како и за злоупотреби со јавни набавки на жардињери и изградба на плоштад.
Судот му определи домашен притвор на Јакимовски поради здравствени причини. Лидерот на Гром пред 7 години имал операција и редовни годишни контроли за здравствената состојба поради што судот прифатил наместо притвор да му определи домашен притвор на Јакимовски. Обвинителството и натаму смета дека Јакимовски мора да замине во притвор