Во денешното сведочење на Ѓорѓи Лазаревски за предметот „Тврдина-Таргет“ вели дека неговите колеги не биле изненадени што толкавобем на личности се во системот за прислушување во МВР, пренесува порталот СДК.МК.
„Во еден разговор со колега изненаден од содржината што тој ја видел, низ анегдота дознав дека биле снимани актуелни министри како Миле Јанакиески, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска. Во снимен разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески за реновирање на објект во Битола, изнервиран од однесувањето на тогашниот премиер Никола Груевски, и вели на Јанкулоска дека тој е за во психијатриската болница Демир Хисар, што алудира на лудило“, рече Лазаревски.
Тогаш му пристапил на претпоставениот Ѕвонко Костовски и го прашал дали е вистина дека се прислушуваат актуелни министри.
„Нема кој не се прислушува“, ми рече Ѕвонко, сведочи Лазаревски.
Претходно во стариот систем „Веринт“, тој дошол до детални табели со таргетирани прислушувани броеви и се фрапирал од тоа колку јавни личности и политичари од опозицијата од СДСМ биле нелегално прислушување, бидејќи немало потреба за тоа, информира порталот СДК.МК.
Во текот на утрешниот ден е најавена расправа за одземање на пратеничкиот мандат на екс премиерот Никола Груевски, за што е потребно 2/3 мнозинство во Собранието на Република Македонија.
За 19 часот пред Основниот Суд Скопје 1 е најавен и мирен протест за поддршка на поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Никола Груевски пак денеска се огласи и на својот ФБ профил каде што го цитираше Иво Андриќ со следниве зборови: -Јаден е оној кој мора некого да понижи за да се воздигне себе, стои на фотографијата која Груевски ја објави на Фејсбук.
