Српските музичари против одлуката на ЗАМП за забрана на српската музика

Не смеете да ја забранувате нашата музика без да не прашате. Композиторите од Србија го кренаа гласот против забраната на ЗАМП да се емитува македонска и српска музика на медиумите во земјава. – објави 24 Вести.
Звонимир Џукиќ Џуле, фронтменот на групата Ван Гог од Белград е лут што српското здружение СОКОЈ издало таква забрана на барање наа македонскиот ЗАМП.
„Шокиран сум од тоа манипулирање на некои  институции во наше лично име. СОКОЈ ги штити правата на сите нас, но СОКОЈ нема право да одлучува во име на сите нас, без консултација со нас.“ – вели Звонимир Џукиќ Џуле, пејачот на групата Ван Гог.
Забраната да се емитува македонска и српска музика на медиумите во Македонија трае речиси еден месец. Ја воведе ЗАМП, како одговор на нерешен спор со државата. На барање на ЗАМП и српскиот СОКОЈ забрани да се емитува музика од северниот сосед. Жељко Јоксимовиќ, еден од најплодните српски композитори вели дека забраната е еднострана.
„Јас се побунив затоа што СОКОЈ не ги контактираше авторите. Во оваа прилика, таа одлука беше избрзана. На луѓето не треба да им се ускратува музиката. Луѓето не се виновни.“ – вели пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ.
И Џукиќ и Јоксимовиќ им порачаа на медиумите во Македонија дека нивната музика можат слободно да ја емитуваат.
 „На институцијата СОКОЈ ќе и го откажеме правото да не штити на територијата на Македонија, а потоа ќе се договориме со официјалната институција која ја штити интелектуалната сопственост во Македонија како тоа оди и на кој начин тоа функционира.“ –  – вели Звонимир Џукиќ Џуле, пејачот на групата Ван Гог.
„Јас имам право своите композиции да ги изведувам непречено. Тоа е лично мој став и би сакал и останатите автори тоа да го поддржат, пред се, мислам и на македонските автори.“ – вели пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ.
И додека српските автори отворено се спротивставуваат на забраната, македонските молчат. Само неколкумина од нив се огласија, но нивните мислења се спротивставени. Најголемиот дел не знаат зошто нивната музика е забраната.
Покрај авторите, најголема штета од оваа ситуација имаат медиумите. Иако имаат валидни договори со ЗАМП кои ги почитуваат, сепак не смеат да пуштаат македонска, српска, а од пред три дена и црногорска и словенечка музика.
Проблемот настана кога Министерството за култура издаде лиценца на уште едно здружение да ги штити авторските права. Ова не му се допадна на ЗАМП. Предупреди дека новото здружение драстично ги намалило тарифите за авторски права и ја донесе, за многумина, едностраната забрана за емитување македонска музика на медиумите.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e