Српски фудбалер смртно настрада по скок во Охридското Езеро

Младиот српски фудбалер, Никола Стевановиќ Коле (26) од селото Доње Крајинце кај Лесковац, починал како последица од повреда здобиена при скокање од карпа во водите на Охридското Езеро. Во Скопје, Стевановиќ се борел 12 дена за живот, по што им подлегнал на повредите.

Младиот спортист од соседна Србија дошол на одмор во Охрид со своите пријатели. За разладувањто во водите на Охридското Езеро скокнал брегот при што удрил во подводна карпа и го скршил вратот и шестиот пршлен, пренесува Југмедија.

Во Скопје каде бил префрлен веднаш бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил. Зад себе ги остави својата мајка и сестра, оние што ги сакаше најмногу на светот. За него тагува и целата фудбалска заедница во областа Јабланица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e