Срѓан Керим станал надворешен соработник на Еколог

Интернационална компанија со седиште во Тетово, Еколог, го ангажирала поранешниот министер, амбасадор и дипломат, Срѓан Керим, кој беше дел од менаџментот и сопствеништвото од групацијата што издаваше неколку веќе згаснати медиуми.

Според информации на Фокус, Еколог хонорарно го ангажирала Керим, кој ја претставува компанијата во странство и пред странски клиенти, односно ги застапува интересите на компанијата.

Од неделникот побарале потврда на оваа информација од компанијата, но од таму им кажале дека станува збор за деловна одлука, па не упатија за коментар да го побараме лично Керим, кој, пак, не одговори на нашето прашање.

Инаку, станува збор за моќна компанија, која соработува со влади на повеќе држави, меѓународни организации и комерцијални клиенти во неколку сектори – нафта и гас, рударство, енергетика, инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e