Средбата пропадна, Дескоска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да поднесе амандмани на Законот за ЈО

Безуспешно заврши и денешениот обид за приближување на ставовите на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кое се решава и судбината на СЈО.

„Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите што ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се однесуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно. Нашите црвени линии се дека правдата мора да дојде, без разлика кој ќе ги заврши“,

изјави министерката за правда Рената Дескоска.
Дескоска ја повикува опозицијата забелешките кои ги има да ги преточи во амандмани.

Владиното решение предвидува спојување на СЈО со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, под ново име Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Според владиното предлог-решение, актуелниот шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе продолжи да ја врши функцијата како јавен обвинител на новото обвинителство, до завршување на мандатот за кој е избран. Ова значи дека шефица на новото обвинителство би била Вилма Русковска, избрана од Советот на обвинители за прв човек на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во 2018 г. За изгласување на владиниот предлог-закон за јавно обвинителство потребно е двотретинско мнозинство кое сè уште не е договорено.

Според предлогот, сите обвинители од СЈО и од актуелното обвинителство за организиран криминал и корупција ќе преминат во Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до истекот на нивниот мандат. Обвинителите на СЈО имат мандат до 2020 година, а освен нив во новото обвинителство преминуваат и целокупната архива, материјалните средства и опремата што ги користи СЈО.

Споеното обвинителство треба да продолжи да гони кривични дела поврзани или кои произлегуваат од „бомбите“ во периодот 2008-2015 година.

Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e