Средба Заев-Жбогар: 2019 е клучна година за почеток на преговорите со ЕУ

Mакедонскито премиер Зоран Заев, во текот на вчерашниот ден се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата е изразена поддршка за успешно заокружување на гласањето за уставните амандмани и реализација на Договорот од Преспа, како и за успешна реализација на реформскиот процес.

Констатирана е како важна конструктивноста од сите страни и политички субјекти за потребните реформи и за преспанскиот договор.

2019 година е посочена како клучна година за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e