Средба Заев-Сијарто: Унгарија ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, попладнево се сретна со Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Министерот Сијарто соопшти дека Унгарија ги поддржува интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, кои се важни за безбедноста и развојот на Македонија, но и на целиот Западен Балкан.

– Очекуваме 2018 година да биде значајна година за Република Македонија, во евроинтеграциите преку добивање датум за преговори, како и покана за НАТО. Евро-атлантските интеграции за граѓаните на Македонија значат безбедност и сигурност, но и отвораат економски перспективи. Во таа насока ја поздравувам поддршката на Република Унгарија во име на Владата и граѓаните на Република Македонија, рече премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e