Средба Заев-Марковиќ: Се засилува соработката на регионот за економски развој

За време на разговорот е констатирано е дека соработката меѓу бизнис коморите на двете земји е добра и се очекува унапредување на бизнис соработката меѓу двете држави.

Во таа насока беше истакнато дека од голема важност обезбедувањето авио линија Скопје – Подгорица – Сараево, за која беа споделени најновите информации за реализација на оваа иницијатива.

На средбата во Софија се разговараше и за реализација на проекти од областа на здравството, во интерес на граѓаните на двете земји.

Двајцата премиери, Заев и Марковиќ разменија мислења за важни политички прашања во делот на напредокот кон ЕУ, како и НАТО интеграциите на Република Македонија.

– Зголемен е интересот за инвестирање во Македонија по покренатите реформски процеси во државата и отворените перспективи на Македонија за НАТО и ЕУ – рече премиерот Заев.

Исто така, премиерите Заев и Марковиќ се согласија за имплементирање на европските препораки за политичкиот и економскиот развој на регионот.

Премиерот Зоран Заев е во еднодневен престој во Софија за работниот ручек што премиерот на Република Бугарија, земјата претседавач со ЕУ, Бојко Борисов го приредува за Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и за лидерите од Западен Балкан.

На состанокот во Софија ќе присуствуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и претставничката за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e